Радио Милева

Сопругот на Елена Велевска за Вистина.мк ја откри својата страна на приказната!

Сопругот на Елена Велевска за Вистина.мк ја откри својата страна на приказната!

Фолк пејачката Елена Велевска вчеравечер на социјалните мрежи откри дека информациите кои испаднаа во медиумите дека се разведува од сопругот Марјан се вистинити.

Таа преку статус потврди дека покренала бракоразводна парница откако неколку години трпела семејно насилство кое станало неподносливо.

Затоа, дошло крајно време бракот да заврши, а со јавното појаснување би сакала на нејзината приватност поврзана со брачниот живот да и се стави точка.

Но, бидејќи приказната има две страни, редакцијата на Вистина.мк разговараше со Марјан Мирчески кој во телефонски разговор ни откри дека исказите на Елена се лага, но дека се уште живеат под ист кров.

Мислам дека самите треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене, дека јас сум најдобар родител, дека ја разбирам, дека во нејзината професија ретко кој разбира и одеднаш сум станал сега семеен насилник, а семејно насилство е кривично дело. Јас не знам како тоа досега не беше така. Се е тоа лага. Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам  добиено документи, но бев известен од адвокатот на 27-ми јули.

Колку време не сте заедно?

Заедно сме ние, се уште сме во иста куќа, го заврши разговорот Марјан.

Инаку, Елена Велевска и Марјан Мирчески се во брак од 2008 година и имаат три деца, а пејачката пред неколку месеци посакуваше да роди и четврто.

Марјан пак, од бракот со првата сопруга има возрасни ќерка и син кои живеат во Австралија.