Радио Милева
Како во реално шоу...

Екс директорот на АЕК се разведува од сопругата… на Фејсбук: Фотошоп барбиката се оладила, зашто маж и не е повеќе директор!?

Екс директорот на АЕК се разведува од сопругата… на Фејсбук: Фотошоп барбиката се оладила, зашто маж и не е повеќе директор!?

Во оваа наша чудесна земја Македонија годиниве се изнагледавме разно разни чуда… Афери, скандали, трачеви, вистини, грабежи, корупција, рекет, полтронство, несопиви „спојки“… Нема што нема!  Дно-дна од секој вид и секаков калибар! Но, ако мислите дека се’ сте виделе – дебело сте се излажале, зашто вашата имагинација ниту оддалеку не може да стигне до оние длабочини до кои допираат „расипаните мечти и валканите страсти“ на поедини политичари и ним подредените партиско-институционални полтрони од разни ешалони!

Она што се случува во политичките кругови и кулоари е многу повеќе „естрада“ и од самата естрада, која е „мало бебе“ за онаа – политичката! Нашите естрадни ѕведи можат „вода да им носат“ на овие – политичките, чии „дешавки“, од обични будалаштини до најдолни гнасотии, се еквивалент на она што се случува во најбизарните релни шоуа! Ниту во „Задруга“, „Парови“ или „Фарма“ го нема она што може да се види во нашата Влада, Парламентот, разни министерства, државни институции… Ма, во ниту едно ријалити нема такви ликови, како овие, овдешниве…

Најновата случка е само уште еден пример, уште „една цигла во ѕидот“ на срамот, која го го потврдува непишаното правило дека  во нашата политика и нејзиниот кадровски кастинг, ликовите се извадени како од… реално шоу!

Имено, Роберт Боби Орданоски, поранешниот директор на Агенцијата за електронски комунации (АЕК) објави пост на Фејсбук со две важни нешта: Во исто време и го честиташе роденденот на својата постара ќерка и најави дека се разведува од сопругата Агнеса Орданоска, која ја нарекува „фотошоп барбика“. Тој обjaви дека разводот го бара неговата сопруга, според него, со чудно образложение: Затоа што тој повеќе не е директор, а со тоа не е ниту во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби!

Орданоски ова го соопшти објавувајќи ја честитката за 17-от роденден на постарата ќерка, критикувајќи ја нејзината мајка што не нашла време да присуствува на роденденот.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене“ – напишал меѓудругото Орданоски на Фејсбук.

Инаку (се’ уште) брачните сопружници од нивниот 17 и кусур годишен „директорски“ брак имаат две деца. Орданоски беше на неколку високи  директорски функции во Телеком, МЕПСО, АЕК…

Објавата експресно осамна во јавноста, откако ја преносоа голем дел македонски портали и медиуми, а постот за разводот на екс-директорот на АЕК, стана хит и на социјалните мрежи!

Фото: Фејсбук принтскрин/Robert Bobi Ordanoski

 

Останати вести од Радио Милева