Радио Милева
Им се може

Егзотика: Брена и Боба го прославија Божиќ на далечна дестинација каде секој би посакал да биде (фото)

Егзотика: Брена и Боба го прославија Божиќ на далечна дестинација каде секој би посакал да биде (фото)
фото:лепа брена/инсатграм принтскрин

Пејачката sвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, не го прославија Божиќ во нивната вила во Белград, туку на егзотична дестинација.

Додека помладиот дел од семејството Живојиновиќ ужива во Србија, Брена и Боба уживаат на Малдивите, од каде пејачката објави прекрасна фотографија и со тоа откри и каде се наоѓа.

Брена позираше со свртен грб, во бел фустан и со капа, а пред неа се протегаше бесконечно сино.

фото:лепа брена/инсатграм принтскрин

Пејачката и нејзиниот сопруг патувале низ светот во 2020 година, а 2021 година нема да биде ништо поразлична, па отпатувале на споменатата дестинација на почетокот на годината за празниците.

Да потсетиме, Александра и Филип Живојиновиќ за празниците престојуваат во Златибор, а се чини дека Брена и Боба преферираат потоплите дестинации на кои традиционално одат за празници.

Останати вести од Радио Милева