Радио Милева

„Едвај врзувавме крај со крај“: Таткото на Рада Манојловиќ открива низ што минувале кога таа беше во „Ѕвездите на Гранд“

„Едвај врзувавме крај со крај“: Таткото на Рада Манојловиќ открива низ што минувале кога таа беше во „Ѕвездите на Гранд“
фото:инсатграм/радаманојловиќ

Рада Манојловиќ денес е една од поуспешните пејачки на српската естрада чиј талент беше откриен во музичкиот натпревар „Ѕвездирте на Гранд“.

Сега рада живее од музиката и може да ги дозволи убав живот, како за себе, така и за своето семејство. Меѓутоа, нејзиниот татко Раде во последното интервју откри дека во 2007 година кога неговата наследничка го освоила второто место во натпреварот, веднаш зад Душан Свилар, едвај врзувале крај со крај.

фото:Принтскрин/јутјуб

-Имавме „Застава 128“ која ја поправав на половина пат до Белград, се случуваше и по петпати. Да потраеше тоа натпреварување уште еден месец, ние нема да можевме со што да одиме до „Гранд“- се присетува за „Курир Старс“ таткото на Рада, а пак нејзината маќеа додава:

-Се случуваше да не јадеме, само за на Рада да и купиме плескавица. Големи беа трошоците, но ете, Бог не погледна, бидејќи таа е талент и работник, гордо заклучува Сузана.

фото:инсатграм/радаманојловиќ

Рада денес зад себе има три студиски албуми, многу хитови, а на нејзините настапи се бара карта повеќе и тоа не само во Србија, туку и пошироко.