Радио Милева

Џорџ Клуни се вратил на стариот живот – наводно ја изневерувал Амал?!

Џорџ Клуни се вратил на стариот живот – наводно ја изневерувал Амал?!
фото:инстаграм

Бидејќи неколку месеци наназад јавноста не престана да шпекулира за проблематичниот брак на Џорџ и Амал Клуни, тие беа повторно на мета на озборувања, но сега приказната е подгрена.

Имено, откако излезе во јавност информацијата дека парот имал жестока расправија за посвојување дете, проблемите во брачната идила на Клуни не исчезнале.

Како што пишуваат сега странските таблоиди, во животот наводно се вмешало трето лице – друга жена, предизвикувајќи нивната љубов да биде ставена на испит.

фото:инстаграм

Иако деталите засега се непознати, се шпекулира дека нивната врска станала многу напната поради споменатата жена.

За потсетување, Џорџ Клуни долго беше ерген, а за него лудуваа многу жени ширум свет, а го поврзуваа со актерките Џулија Робертс, Меган Маркл и Стејси Киблер. Иако, згодниот актер не потврдил ниту една од овие љубовни афери, оваа брачна двојка, наводно, се обврзала да ги реши сите проблеми што довеле до тешкотии во нивниот брак веќе некое време.

Останати вести од Радио Милева