Радио Милева

Џорџ и Амал Клуни: Брачните проблеми надминати, познатата двојка повторно чека близнаци!

Џорџ и Амал Клуни: Брачните проблеми надминати, познатата двојка повторно чека близнаци!

Брачниот пар Клуни – Амал и Џорџ, по гласините за проблемите во бракот, според странските медиуми, повторно очекуваат близнаци.

Неодамна, еден извор за магазинот Латин Тајмс изјави дека додека престојувал на нивниот италијански имот на езерото Комо, Амал имала трудничко стомаче, а наводно е „фатена“ и од фотограф.

Наводно, тато Џорџ во исто време е многу возбуден и многу загрижен за веста дека ќе добие близнаци. Поточно, тој се секира како покрај двегодишните Ела и Александар, тие ќе чуваат и воспитуваат уште две мали деца.

Новата бременост, наводно, ги зближила Амал и Џорџ повеќе од кога било.

„Џорџ поретко патува во Лос Анџелес, така што тој и Амал отидоа на брачни совети. И сега не се караат толку често“, рекол изворот.

Џорџ, наводно, веќе побарал од Бред Пит да ја преземе улогата на дадилка, додека тој ќе го побара поранешниот претседател Барак Обама за кум.

Добрите пријатели Амал, Меган Маркл и поранешната прва дама Мишел Обама веќе планираат „Baby shower“ (забава за добредојде на бебињата) за доаѓањето на приновите.

Сепак, досега никој од нив јавно не се огласил на оваа тема.

 

Извор: Космополитан

Фото: Профимедиа

Останати вести од Радио Милева