Радио Милева
уште еден џокси...

Џокси на „Бубамара“ за „На Велигден“ доби награда за „песна за век и векови“, а истиот ден без да знае, доби и „наследник“… по прекар?! (ФОТО)

Џокси на „Бубамара“ за „На Велигден“ доби награда за „песна за век и векови“, а истиот ден без да знае, доби и „наследник“… по прекар?! (ФОТО)

Секој живот има чудна приказна… Помалку или повеќе среќна, грда или убава, сурова и тажна или безгрижна и весела… Секој од нас ги има „своите 5 минути во животот“, па некој умее да ги препознае и ужива во моментите на слава, некој не умее да ги препознае и тие ќе го одминат како да е странец, трети пак „5-те минути“ ги претвораат во слава за навек… Веројатно, кому како му е пишано и од Бога дадено!

На Џина Папас Џокси на последната „Златна Бубамара на популарноста“ му беше дадена награда за навека. Неговата антологиска „На Велигден“ сосема заслужено беше прогласена за „песна за век и векови“, иако и пред тоа, како на Македонскиот радиски фестивал „МАРС“ да речеме неколку години претходно, веќе беше слично валоризирана и песната и и самиот тој како кантавтор и пејач.

Но и без тоа и без наградите, песната си го најде својот пат во аналите на македонската поп музика, вгнездуваји се во срцата на народот, што е најголемата и најважна награда за секој пејач и автор.

Сепак, она што ќе се случи истата вечер или истиот тој ден е исто така за аналите… но, на животот!

Имено, на денот на одржувањето на „Бубамара“ и чинот на наградување, во една приватна скопска клиника се раѓа нов живот, на свет доаѓа машко детенце. Но, ниту бебето, ниту родителите не се во никаква роднинска врска со Џокси, напротив – воопшто и не се познаваат!

Сепак, пресреќната мајка без да знае што се случува на настанот, (на кој како и секогаш, освен организаторот никој друг не знае кој ќе биде награден и кој се ќе се појави да пее), заради природниот изглед на косичката на нејзиното синче веднаш по неговото раѓање, уште пред бебенцето официјално да добие име, таа ќе му даде прекар – Џокси!

И не само тоа, туку некој ден потоа, таа ќе најде начин тоа да му го соопшти на македонскиот кантавтор:

„Здраво, јас сум мајка на бебе што се роди во ист ден кога Вие добивте награда на „Златна Бубамара“. Не само што се роди на тој ден, туку без да знам дека сте добиле награда ( бидејќи гледав снимка на ТВ некој ден покасно), прекар му дадов по вас, ќе видите и зошто по сликата. Голем поздрав од мал Џокси и мајка му“ – му напишала пресреќната мајка на Џокси.

Неможејќи да ги скрие емоциите, Џокси „не остана должен“ па објавувајќи ја приказната, возврати со свој одговор кој го сподели на својот  профил на социјалните мрежи:

„Еве нешто што ми го разубави денот, не заради прекарот, туку за почетокот на животот на ова прекрасно суштество“ – напиша големиот за малиот Џокси.

Останува само да видиме дали Ѓорѓе Васиќ, како што е вистинското има на Џина Папас Џокси ќе се запознае со семејството и со својот „несуден наследник по прекар“ – малиот Џокси и дали можеби убавата животна приказна ќе има и нова епизода?

Останати вести од Радио Милева