Радио Милева

Ѕирнете зад камерите: Вака изгледаше снимањето на евровизиската песна „Proud“ на Тамара Тодевска

Ѕирнете зад камерите: Вака изгледаше снимањето на евровизиската песна „Proud“ на Тамара Тодевска
фото: Принтскрин/јутуб

Изборот за песна на „Евровизија“ оваа година ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Тамара Тодевска ќе ја претставува нашата држава со песната „Proud“ со која ќе настапи на втората полуфинална вечер.

Тодевска пред некое време го промовираше видео записот за песната која наиде на позитивни коментари кај пошироката јавност.

Во спотот учестуваат повеќе јавни личности, но и нејзината ќерка Хана.

Во едно обраќање на социјалните мрежи Тодевска истакна дека таа вечер ќе пее за нејзината ќерка.

За да се изработи еден ваков спот потребно е време, енергија, добра екипа,одлична организација….

Дефинитивно, се тоа го имало додека Тодевска го снимала спотот.

Имено, таа на својот „Фејсбук“ сподели како изгледало снимањето на „Proud“.

Во продолжение може да го погледнете „makeing of“ на „Proud“.

На Тамара ќе и посакаме многу среќа, а без разлика на пласманот таа веќе не направи горди.