Радио Милева

Џими од група „Молика“ доби снаа: Неговиот син одлучи да „рипне во тавче“, ова е неговата избраничка

Џими од група „Молика“ доби снаа: Неговиот син одлучи да „рипне во тавче“, ова е неговата избраничка
фото: фејсбук

Џими Мицевски од група „Молика“, доби снаа, односно неговиот син од првиот брак, Марио Мицевски реши да „рипне во тавче“.

Имено, Марио  на социјалните мрежи се пофали дека ја побарал раката на неговата партнерка Тина Филиповска.

Овој романтичен потег се случи во манастирскиот комплекс Свети Наум во  Охрид.

Среќниот иден свекор на социјалните мрежи упати честитка до идните младоженци.

„Со среќа и за век да ви биде и многу внучиња да си гледаме“, напиша музичарот на Фејсбук, а честитите и благословите веднаш почнаа да пристигаат.

Кон честитките се приклучи и сегашната сопруга на Џими, Анета Мицевска или позната како Анета Молика која на Тина и посака добредојде во фамилијата.

фото: Инстаграм

Инаку, Марио е фронтмен на групата „Молика јуниор“додека неговата свршничка Тина е вокалот во групата.

Во продолжение погледнете како изгледа идната снаа на Џими и идната сопруга на Марио.

View this post on Instagram

A post shared by ?????????? ???? (@filipovska.tina) on

Честитки, среќни и вечни да сте.

Останати вести од Радио Милева