Радио Милева

Џенифер Лопез се сели од Америка: „Сакам да водам поедноставен живот, да возам велосипед и да купувам леб“

Џенифер Лопез се сели од Америка: „Сакам да водам поедноставен живот, да возам велосипед и да купувам леб“
фото: тањуг/ап

Позната пејачка и актерка призна дека сака да води помирен живот. Во разговор за „Vanity Fair“  таа зборуваше за своите успеси во музиката, филмот, но и за тоа дека сака да се исели од Соединетите Американски Држави.

Џенифер одбра две локации: град во Италија и Бали.

фото: тањуг/ап

„Би сакала да живеам некаде на другот место од САД, во некое италијнаско гратче или на другиот крај на светот, на Бали“  вели Џенифер и додава:

„Би сакала да имам друг живот каде што ќе живеам поедноставно, каде ќе возам велосипед, ќе купувам леб кој ќе го ставам во мојата корпа, потоа ќе отидам дома и ќе ставам џем на лебот. Потоа, да седнам во столица за лулање и да имам прекрасен поглед. Имам такви фантазии“ вели Џеј Ло.

Останати вести од Радио Милева