Радио Милева

Џенифер Анистон и Бред Пит во јуни повторно ќе застанат пред олтар?

Џенифер Анистон и Бред Пит во јуни повторно ќе застанат пред олтар?
фото: гуливер гети имагес

Актерите и поранешениот пар Џенифер Анистон и Бред Пит по средбата на доделување на наградите на „Златен глобус“ и „SAG наградите“ покажаа дека има уште емоции меѓу нив.

По шпекулациите за нивниот однос, извор близок на Бред изнесе детали од наводно обновената врска меѓу Пит и Анистон.

Пријател на Џенифер тврди дека актерката никогаш не го преболела холивудскиот заводник.

фото: гуливер гети имагес

„Мислам дека таа не престана да го сака и дека и се скрши срцето кога Бред замина со Анџелина Џоли. Му требаше многу време, но се му прости. Тоа е главен чекор ако сакате да одите понатаму. Тие ја обновија својата врска и со години не беа вака среќни“ тврди изворот.

Во екот на шпекулациите дека се заедно, се појавија и други приказни за поранешниот пар.

фото: гуливер гети имагес

Наводно Бред Пит и Џенифер планираат свадба во јуни, а наводно и поканите се веќе готови и ќе бидат испретени на мејл.

Приказните за свадбата се зголемија кога случајни минувачи ја виделе Џенифер како пробува венчаница во Беверли Хилс.

„Во фустанот се гледаше нејзиниот гол грб, исто како и првиот пат кога се мажеше за Бред“.

За потсетување, пред 20 години Бред и Анистон направија свадба во Малибу.

Останати вести од Радио Милева