Радио Милева

Џастин Тимберлејк се огласи откако во медиумите се појавија шпекулации дека ја изнверува сопругата: „Направив грешка“

Џастин Тимберлејк се огласи откако во медиумите се појавија шпекулации дека ја изнверува сопругата: „Направив грешка“
фото: профимедиа

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се повеќе години во складан и успешен брак, а неодамна се појавија шпекулации дека Џастин ја изневерува сопругата со колешката Алиша Вејнврајт.

Шпекулациите започнаа откако во медиумите се појавија фотографии на кои Џастин и Алиша разменуваат нежности за време на паузата на снимањето на филмот во Њу Орлеанс.

фото: принтскрин/инстаграм

Тие поминале околу 40 минути на терата на ресторанот, а фотографиите на кои се држат за рака го заобиколија светот. Како што пишуваа странските медиуми, на крајот Џастин и Алиша од ресторанот незабележително излегле на заедниот излаз.

Популарниот пејач по тој повод се огласи на „Инстаграм“  и ја откри вистината:

„Се трудам да бидам што подалеку од шпекулациите, но поради семејството, чувствувам дека е важно да одговорам на некои шпекулации кои ги повредија луѓето кои ги сакам. Пред неколку недели направив голема грешка- но нека биде јасно – ништо не се случи меѓу мене и мојата колешка. Испив премногу и се каем поради моето однесување. Требаше да знам. Ова не е пример кој сакам да го дадам на мојот син. Се извинувам на мојата неверојатна сопруга и семејство бидејќи поминаа низ срамотна ситуација, а ќе се фокусиран да бидам најдобар сопруг и татко“ напиша Тимберлејк.

фото: Принтскрин/инстаграм