Радио Милева
честитки

Двојна прослава кај Адријана Алачки: Водителката славеше и роденден и јубилеј (фото)

Двојна прослава кај Адријана Алачки: Водителката славеше и роденден и јубилеј (фото)
фото: фејсбук

Водителката и пејачката Адријана Алачки деновиве имаше убав повод за славење.

Имено, водителката на „Вкусот со традицијата“ како и секоја година на истиот датум, така и оваа година го прослави својот роденден.

Алачки го прослави својот 53 роденден, а токму по тој повод на нејзиниот „Фејсбук“ пристигнаа роденденски честитки од цел свет.

Водителката се огласи и се заблагодари на своите за прекрасните пораки и истакна дека досега немала толку убав роденден.

„Драги мои пријатели, познати и непознати, сакам да Ви се заблагодарам што ми го честитавте роденденот! Но сите ваши повици, пораки и честитки ми го направија денот најубав, како разгледница низ животот ме водевте, како да го гледав најромантичниот филм и да ја читав најубавата книга. Никогаш досега немав таков роденден, толку полн од љубов и внимание со толку пријатели од сите континенти. Ме посетивте дека низ годините си оставивме траги на взаемни дела и почит а од таму и желба да одвоите за мене време и ми ги испратите тие илјадници пораки. Колку сум богата што Ве имам, ве љубам и ми значите. Ја добив најубавата торта од внуката Јана. Дај Боже секогаш да имаме убави нешта да споделуваме. Бидете ми здрави и живи“, напиша Алачки.

фото: фејсбук

Меѓутоа, не само роденденот, водителката имаше уште еден повод за славење односно јубилеј.

Имено, Алачки прослави 10 години од емитувањето на нејзината прва епизода од емисијата „Вкусот на традиција“.

По тој повод, Адријана на својот „Фејсбук“ објави неколку фотографии со сеќавања, а во описот напиша:

„6 јуни, 2011 година се емитуваше првата емисија Вкусот на традицијата на Алфа Тв. Денес ни е и Вам и на нас роденден

Ви благодарам што токму поради Вас постоиме и Вие сте заслужни за овој јубилеј. Благодарам на сите верни соработници, организации на жени, благодарам на Етно село Тимчевски, на Кизо Јорданов со кој ја започнав реализацијата на проектот и целата техничка екипа на Алфа Тв, Зоки, Горан, Були, Игор, Емши, Дејан, Целе, Ивица, Стево, Ирена….за сите 2000 емисии во Македонија и преку 100 репортажни ширум светот. Благодарам што ни верувате тоа е нашиот најголем мотив.

Нека се множат, со Вас драги наши гледачи. Среќно!“, напиша до објавата.

фото: фејсбук

Рецептите на Адријана ги имаат пробано луѓе ширум светот, таа емисиите ги снимаше речиси на сите континенти, а последно беше во Хрватска од каде што најави интересни прилози.

Честитки!

Останати вести од Радио Милева