Радио Милева
со него замина се'... освен спомените?

Две години од смртта на Шабан Шаулиќ: Ќерката Илда најмногу пати, а куќата на Шабан во Крчедин – напшуштена… (ФОТО)

Две години од смртта на Шабан Шаулиќ:  Ќерката Илда најмногу пати, а куќата на Шабан во Крчедин – напшуштена… (ФОТО)

Дури и по две години, семејството Шаулиќ не може да се помири со фактот дека нивниот Шабан, народната фолк легенда ги напушти.

На Инстаграм, на годишнината од смртта на нејзиниот татко, ќерката Илда Шаулиќ објави заедничка фотографија но собра сили да напише  само еден збор: „Ми недостасуваш“.

Сепак куќата која починатиот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ ја обожуваше и каде што сакаше да поминува најмногу од своето слободно време, е скоро напуштена, а неговите риболовни трски сè уште стојат таму каде што за последен пат ги оставил. Се шпекулираше дека куќата ќе биде продадена или претворена во музеј, но ниту една од овие работи не се случи се досега, што може да се заклучи со одење во Крчедин.

Соседите велат дека им недостига неговиот глас со кој можел да ги расположи во двор, кафената или на брегот, каде што секојдневно ловел риба и посочуваат дека по неговата смрт речиси никој не ја посетува куќата.

„И додека беше жив, Гоца не доаѓаше овде, Михајло ретко, а мислам дека никогаш не ја видовме Санела. Ова беше неговата оаза на мирот, додека неговата сопруга претпочиташе некои други работи и далечни дестинации, за што Шабан отворено зборуваше. Затоа и не сме изненадени што таа не доаѓа ниту сега. Од децата, ја гледаме само Илда, таа била неколку пати тука, но посетите на ова место и причинуваат болк,а затоа што куќата ја потсетува на татко и Шабан“ – вели еден од соседите. 

Останати вести од Радио Милева