Радио Милева
не само карлеуша...

Душко Тошиќ „поштол гол“ во прегратките на гола српска манекенка (ФОТО 18+)

Душко Тошиќ „поштол гол“ во прегратките на гола српска манекенка (ФОТО 18+)

Душко Тошиќ, имал интересенманекенски излет на почетокот на својата фудбалска кариера. Сопругот на Карлеуша, кој неодамна беше во центарот на вниманието за наводната врска на неговата сопруга со Огњен Врањеш, но исто така и заради неговата наводна прељуба со старлетата Сораја Вучелиќ, пред да ја сретне пејачката и обајцата станат познати, се  фотографирал гол за еден српски часопис – одново обзнанува српски Курир.

На голите фотографии е со седум години постариот модел и манекенка Александра Марјановиќ. Тие направиле неколку провокативни фотографии од кои Тошиќ сигурно денес ќе се срами и би сакал да ги уништи.

На првата фотографија , Душко и моделот се наоѓаат на креветот. Таа ги шири нозете, преку кои играчот се потпира, додека со топката го крие нејзиното меѓуножје.

На втората слика,  Душко „здраво ја држи“  темнокосата убавица за градите, додека таа со фудбалската топки ги покрива интимните делови од телото.

Третата фотографија е идентичана, само со променети улоги: фудбалерот е однапред, а манекенката му е зад грб! И наместо да го држи за градите, држи нешто друго малку подолу… Фудбалската топка, со која ја прекрива интимата на Душко.  Судејќи според фотографиите, Тошиќ и Марјановиќ добро се забавуваале на снимањето, а набрзо потоа тој се сретнал со Карлеуша, со која ќе заврши во брак.

Пријателите на Тошиќ добро се сеќаваат на овој период и желбата на Душко да биде познат и успешен.

“Тоа е пред повеќе од десет години. Душко отсекогаш сакал да биде познат фудбалер, но, исто така, и познат во јавноста. Исто така, отсекогаш го привлекувале силни и познати жени. Затоа и се „зацапал“ во Карлеуша. Кога ја  добил понудата за фотосесијата, тој бил воодушевен.  А и партнерката во голото позирање му се допаднала. Сепак, наводно немало ништо меѓу нив, иако добро се забавувале за време на снимањето – тврди изворот за српски Курир.

Фото: Богдан Ѓокиќ / Свет – репринт/приватна архива