Радио Милева
Вложува во недвижнини

Душко Тошиќ искешира 300 илјади евра за нов стан, а едно барање му било приоритет

Душко Тошиќ искешира 300 илјади евра за нов стан, а едно барање му било приоритет
фото:душко тошиќ/инстаграм/принтскрин

Фудбалерот и сопруг на пејачката Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, наводно станал сопственик на стан во новоизградена зграда во близина на Храмот Свети Сава во Белград. Душко долго време бараше таков имот, кој се наоѓа во еднонасочна улица.

Фудбалерот ангажирал и дизајнер на ентериер за овој стан, а тој имал едно барање, а тоа е детските соби да гледаат во храмот.

Тошиќ, наводно, не штедел пари кога станува збор за овој имот, бидејќи се знае дека становите на оваа локација чинат до 3.000 евра за метар квадратен, а ако се земе предвид дека станот има 100 квадратни метри, овој имот го чинел околу 300.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

Day 13 of quarantine..🧔🧔

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic) on

Потсетуваме, фудбалерот веќе поседува стан на Дедиње, каде со години живееше со семејството, а пред неколку години од Драган Стојковиќ -Пикси купи вила за која плати два милиони евра.

Покрај ова, Тошиќ поседува и продавници во центарот на градот што ги изнајмува.

Останати вести од Радио Милева