Радио Милева
фатен жив или во лажна афера?

Душко Тошиќ има љубовница: Српските медиуми обзнанија со кого е „во шема“ сопругот на Карлеуша? (ФОТО)

Душко Тошиќ има љубовница: Српските медиуми обзнанија со кого е „во шема“ сопругот на Карлеуша? (ФОТО)

Душко Тошиќ има љубовница – обзнанија српските медиуми. Љубовницата на Душко Тошиќ се развела од сопругот, познатиот пејач Пеѓа Јовановиќ – Близанац, кога тој дознал за нејзината афера,  љубовната  романса со фудбалерот.

Како што наведува дека ексклузивно дознава српски Курир, новата девојка на српскиот репрезентативец Ана Јовановиќ е добро позната  во спортските кругови, а кога нејзиниот сопруг дознал за нејзините излети, нивниот брак пропаднал. Одлучиле да се разведат, но останале пријатели.

Инаку, Ана е многу активна на социјалните мрежи. Таа објавува провокативни фотографии и покажува како го живее животот со полни гради и тоа на висока нога. Нејзините Инстаграм приказни се полни со луксуз и егзотични патувања, а таа се претставува како креатор на костими за капење, па затоа често се фотографира во нив. Порано Ана беше во добри односи со сопругата на Тошиќ, но според извор на Курир, тиквата меѓу нив двете наводно пукнала кога пејачката дознала дека сопругот со неа ја изневерува.

Душко Тошиќ, не е единствениот на кого оваа привлечна дама му фрлила око. Таа често лајкува фотографии од спортисти, претежно фудбалери и им испраќа пораки на некои од нив, преку Инстаграм. Се чини дека на фудбалерот тоа воопшто не му пречело, бидејќи неговите соиграчи го предупредиле кога дознале кој тајно го следи, но тој не му придавал значење на тоа.

Од друга страна, нејзиниот поранешен сопруг Пеѓа Јовановиќ е ценет и почитуван во музичките кругови. Често настапува во белградски клубови, соработува со многу пејачи за кои компонира и  песни, а има и брат кој исто така се занимава со музика. Тој води мирен живот и не се следи други на Инстаграм. Во текот на вчерашниот ден, во неколку наврати новинарите од српските медиуми како белградски Курир тврдат дека се обиделе да стапат во контакт со Тошиќ, но тој не одговорил на нивните повици.

Во меѓувреме, Ана Јовановиќ на своите Инстаграм приказни објави молба до медиумите во свое лично име да престанат да објавуваат, како што вели, лажни информации, зашто на тој начин им нанесуваат голема штета на двете семејства, пред се на нивните деца.

На истата порака се надоврза и Јелена Карлеуша која во моментове на зимски одмор со ќерките на Копаоник, која ја реобјави истата порака на својот Инстаграм, допишувајќи под неа:

„Драга Ана, нив треба само да ги жалиме… Зашто живот во толкава омраза и зло, не е живот…“ – додала Карлеуша!

Дали и колку има вистина во целата приказна или навистина сето тоа е само уште една медиумски исконструирана „љубовна афера“, е прашање на кое во наредниве денови веројатно ќе добиеме одговор?!

Сепак, неколку работи се сигурни: Дека Душко по аферата на Карлеуша со Врањеш, имал евентуален мотив за одмазада или по истата го изгубил интересот за својата сопруга, простувајќи и го неверствето заради мир во домот и децата?!

Како и тоа дека по нејзиниот швалерски секс скандал, Карлеуша водеше вистинска војна со новинарите заради нивните објави, им се закануваше со судски тужби, па дури еден од фотографите и вербално и физички го нападна.

Фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева