Радио Милева

Душко Тошиќ и ја прости прељубата на Јелена Карлеуша, па ја почасти со автомобил од 140 000 евра

Душко Тошиќ и ја прости прељубата на Јелена Карлеуша,  па ја почасти со автомобил од 140 000 евра
фото: Принтскрин/инстаграм

Јелена Карлеуша и Душко Тоишиќ често се во центарот на вниманието и може да ги видиме на насловните страници во медиумите.

Претходно беа присутни поради аферата на Карлеуша со Огњен Врањеш и дека парот наводно се разведува.

Изгледа дека Тошиќ одлучил да и ја прости прељубата на Јелена. Таа моментално се наоѓа во Кина каде што е и нејзиниот сопруг.

Тој и купил електричен автомобил „тесла х“  кој чини 140 000 евра, пишува курир.рс

Јелена и Душко не се видеа еден месец, од неговото последно доаѓање во Белград.

Се се променило кога пејачката пред неколку дена заедно со ќерките заминала во Кина.

фото: Принтскрин/инстаграм

Според пишувањата во медиумите, Јелена и Душко се договориле да не разговаат за скандалите.

„Душко одлучи своето семејство да го израдува со автомобил од 140 000 евра. Сите заедно посетија салон за автомобили. На Атина и Ника им се допадна тоа што вратите на автомобилот се отвараат во вис, а во светот тоа е познато како „галебова крила“, а Јелена одлучи автомобилот да биде во бела боја“ тврди изворот.