Радио Милева

Дупла среќа во еден ден: Весело во домот кај Пере од „Нокаут“, ќерката и татко му беа главните славеници (фото)

Дупла среќа во еден ден: Весело во домот кај Пере од „Нокаут“, ќерката и татко му беа главните славеници (фото)
фото:никола перевски/фејсбук/зондефото

За фронтменот на „Нокаут“ Никола Перевски –Пере и неговото семејство, месец април е посебен поради тоа што во ист ден имаат два поводи за славење.

Имено Пере на својот Фејсбук откри дека вчерашниот ден им поминал со два родендени кои ги прославија во домашна атмосфера со најблиските.

Имено, неговата помала ќерка Каја наполни 12 години, а пак неговиот татко Бранко, 68 години.

фото:фејсбук/николаперевски

Двајцата имаа една заедничка торта во форма на грамофон и заеднички дуваа на свеќичките. Фотографијата собра многу лакови и коментари со честитки за славениците, а Пере за истата напиаша:

-Внука и дедо во ист ден… Да ми се весели, здрави, живи. На ќерка ми и татко ми среќни родендените и за многу години – пишува Пере за овој за нив убав, среќан и исполнет ден.