Радио Милева
ептен погодени...

Дунавка – аптекарка си најде сродна душа во Ване Цветанов: Контроверзната манекенка и „надзорниот ревизор“ се во љубов (ФОТО)

Дунавка – аптекарка си најде сродна душа во Ване Цветанов: Контроверзната манекенка и „надзорниот ревизор“ се во љубов (ФОТО)

Една од најконтроверзните личности кога се во прашање познатите дами во Македонија, некогашната манекенка и фотомодел инаку фармацевт по професија, Дунавка Трифуновска, одново ја „изненади“ јавноста. Овој пат наместо со скандал и афера, со нова љубов.

Позната по „смелите“ изјави во јавноста, скандалите и аферите кои постојано ја следат, а најчесто самата ги предизвикува, Дунавка овој пат смело го отвори срцето за поранешниот директор на финансовата полиција и в.д. претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Македонија, не помалку контроверзниот Ване Цветанов!

Тие двајцата однеодамна се во љубовна врска и уживаат во нивниот прв заднички одмор на море во Турција, што и едниот и другиот, јавно го обелоденија на социјалните мрежи.

Дунавка насмеана од уши до уши, во прегратките на новото момче објавувајќи ја „морската слика на љубовта“, на својот Инстаграм само кусо напиша дека е „среќна со сродната душа“!

Цветанов не остана покус да не се пофали со новата девојка, па на својот фејсбук профил беше малку поексплицитен во објаснувањето со кого сега дели постела.

И во изливите на емоции во вид на слики и срцевидни емотикони и во зборови…

Инаку, Дунавка претходно ја поврзуваа со неколку јавни личности, меѓу кои последно со македонскиот пејач Владо Јаневски, откако таа беше „главна“ во неговиот спот за песната „Главен град на тагата“. Но… по се’ изгледа дека се’ се сведе само на шпекулација или љубовна афера за „една употреба“.

Непосредно потоа естрадниот ТВ магазин “Бекстејџ“ и ги собра на купче сите нејзини гафови во еден видеоприлог, во кој како последен го паметиме оној со желбата  на Дунавка да се ракува со папата при неговата посета на Скопје.

Кочанчанецот Ване Цветанов пак беше познат како политички функционер, кого исто така го следеа контроверзи и афери, па дури над глава му висеше и кривична одговорност за аферата „Шпион“.

Откако го „смени политичкиот дрес“ и се наклони кон тогаш актуелната власт, Цветанов доби нова функција од тогашниот премиер Зоран Заев.

Како и да е, на вљубените гулапчиња нека им е со среќа. Љубовта не познава граници, не признава гафови и афери од минатото, не е условена од функции… Се рабира, ако е вистинска, а одморот во Турција може да биде тестот… Генерална проба за новите љубовници.

Во спротивно, ќе се сведе на авантура, а по враќањето дома, Скопје одново може да биде „главен град на тагата“… Што се надеваме дека нема да се случи. Особено заради тоа што уште на прв поглед изгледа дека Дунавка и Ване си се… ептен погодени!

Останати вести од Радио Милева