Радио Милева

Дуке Бојаџиев по вторпат стана татко: Објави први фотографии од синчето кое доби модерно име (фото)

Дуке Бојаџиев по вторпат стана татко: Објави први фотографии од синчето кое доби модерно име (фото)
фото:фејсбук

Македонскиот музички уметник Дуке Бојаџиев кој живее и работи на својата кариера во Њујорк, стана татко по вторпат.

Дуке и неговата сопруга Флора вчеравечер добија уште еден дар од Бога, а за убавата вест годриот татко објави на социјалните мрежи.

Флора се породила во една клиника во Њујорк, а покрај фотографиите од болницата каде се заедно во проширен состав, го открија и името на бебето кое ќе се вика Леон.

Инаку, Бојаџиеви за Нова година на своите драги луѓе им открија дека повторно ќе станат родители.

Брачната двојка го има шестгодишниот син Теодор, кој исто така позираше до своето новородено братче.

Честитки!

фото:фејсбук/дукебојаџиев