Радио Милева

Драмата во домот на Лепа Брена: На Боба Живојиновиќ му се слошило, па морала да реагира и Брза помош

Драмата во домот на Лепа Брена: На Боба Живојиновиќ му се слошило, па морала да реагира и Брза помош
фото: Принтскрин/инстаграм/лепабрена

Семејството Живојиновиќ е познато по добрите забави кои ги организираат во својот дом.

Меѓутоа, како пишуваат српските медиуми една таква ситуација наводно за малку да заврши трагично, пишува еден српски портал.

Овој пат, на некогашниот тенисер наводно му се слошило поради внесување на преголема количина на алкохол и за малку да заврши во болница.

фото: Принтскрин/инстаграм/лепабрена

„Боба не штеди ни на храната, ни на пиењето. Неодамна организираше прослава во просторот за забави кој се наоѓа во вилата на Живојиновиќ и цел ден во кујната подготвуваше разни специјалитети, по што е и познат. Додека подготвуваше разни специјалитети, пиеше виски. Боба ги форсираше пријателите да јадат и пијат, а и самиот пиеше“ вели извор за „Курир“ и додава:

„Во еден момент Боба падна на креветот бидејќи му се слоши. Кога му се приближија присутните тој истакна дека е добро. Но, не можеше да стане. Повикаа и Брза помош која дојде за 10 минути. Тие го прегладаа Живојиновиќ и констатираа дека е во лоша состојба поради алкохол, но дека нема потреба да го носат во болница. Брена толку се исплаши, па почна да се гуши“ раскажува изворот.

фото: Принтскрин/лепабрена

„Не и беше сеедно. Не и се допаѓаат такви прослави каде што доаѓаат и нејзините деца Стефан, Виктор и Филип, снаата Александра и нивни пријатели. Често доаѓаат Милош Теодосиќ, Ацо Пејовиќ и многу други“ вели изворот.

фото: принтскрин/инстаграм

Лепа Брена не се огласи по овие пишување, а откако заврши летната турнеја таа прослави со семејството и замина на одмор во Монте Карло.