Радио Милева

Драгана Мирковиќ „пукна“ 300 илјади евра за подарок на ќерката за полнолетство

Драгана Мирковиќ „пукна“ 300 илјади евра за подарок на ќерката за полнолетство
фото: Принтскрин/инстаграм

Српската пејачка Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ претходната недела прославија полнолетство на ќерката Мануела, а за целата организација искеширале 100 000 евра.

Познатиот пар направил забава на покривот на луксузниот хотел „Рич“ во Виена, а на менито имало разни видови на храна и пијалоци.

По сечењето на торта, гордите родители на својата ќерка и подариле клучеви од автомобил кој по марка е мајбах. Цената на истиот изнесува околу 300 000 евра бидејќи во него е вградена најсовремена опрема.

Како што пренесува свет.рс, Мануела на своите родители им кажала дека не сака голема прослава како што имаше нејзиниот брат претходната година, па затоа се откажале од гала вечер во нивниот дворец.

По целодневната прослава, гостите се упатиле да слават во еден од угостителските објекти на „Fashion TV Club“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic) on


Инаку, децата на Драгана Мирковиќ не сакаат да се екоспонираат јавно, па затоа на социјалните мрежи нема нивни фотографии.

Останати вести од Радио Милева