Радио Милева

Драгана Мирковиќ има возен парк од 3,5 милиони евра: Погледнете какви автомобили возат познатите личности

Драгана Мирковиќ има возен парк од 3,5 милиони евра: Погледнете какви автомобили возат познатите личности
фото: Приватна архива

Драгана Мирковиќ е најголем фан на луксузните автомобили, а нејзиниот возен парк изнесува и до 3,5 милиони евра.

Драгана заедно со нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ во својот возен парк ги поседуваат најлуксузните модели на „ферари“, „ламбурџини“, „ролс – ројс“, „бентил“.  Имаат и неколку автомобили „мајбах“, а се и сопственици на фабриката „Мајхаб купеа“.

Мирковиќ за својот 50ти роденден од директорот на Мерцедес доби автомобил со персонализирани таблички на кои пишува „ДМ 50“.  Драгана и Тони се сопственици на автомобили за трки.

Семејството Живојиновиќ поседува возен парк од пола милион евра.

фото: дамир дервишагиќ

Лепа Брена се пофали дека во својот возен парк има автомобил за сите прилики, па така таа поседува „јагуар“, два џипа со марки „мерцедес“ и „форд“.

„Имаме и автомобил за пазар. Боба не ми дозволува да купам некој мал автомобил бидејќи не се безбедни“ вели пејачката.

Боба и Брена се сопственици и на „бентил“, „ауди РС 3 спортбек“, но и на „мајбах“ кој го купи токму од Драгана Мирковиќ за 150 000 евра.

Сека Алексиќ – подарок од сопругот од 120 000 евра

фото: марина лопичиќ

Сека Алексиќ сака големи автомобили, а за роденден од својот сопруг доби автомобил „мерцедес SLK AMG“  од 120 000 евра, а сега вози бел џип од 120 000 евра.

Саша Поповиќ – за 4 автомобили 350 000 евра

фото: стефан јокиќ

Саша Поповиќ има „BMW i8“ кое чини околу 150 000 евра. Во возниот парк има и „мерцедес GLE 350“ кој чини околу 70 000 евра. Освен тоа тој и има и автомобил “smart“ за шетање и „мерцедес ML 320“.

Дара Бубамара

фото: нема николиќ

Дара во својот возен парк има „порше“ вредан 50 000 евра. Исто така има и „мерцедес“, „ренџровер“ и „бмв“.

Цеца Ражнатовиќ – возен парк од  300 000 евра

фото: марина лопичиќ

Фолк ѕвездата обожава џипови. Во својот возен парк има џип „форд,“ , два „ренџровер“, а еден чини 150 000 евра. Исто така има ауди а6, а вкупната цена на нејзините автомобили изнесвуа 300 000 евра.

Останати вести од Радио Милева