Радио Милева
слета штркот

Драгана, ќерката на фудбалската легенда Драган Џајиќ чека бебе со Милош, братот на тенисерката Ана Ивановиќ (ФОТО)

Драгана, ќерката на фудбалската легенда Драган Џајиќ чека бебе со Милош, братот на тенисерката Ана Ивановиќ (ФОТО)

Драгана Џајиќ, ќерката на фудбалската легенда Драган Џајиќ, на 25 мај ќе му го каже судбоносното “ДА” на Милош Ивановиќ, братот на тенисерка Ана Ивановиќ, со кого се очекува бебе.
Драгана е во рана фаза на бременоста, а среќните идни родители веста ја споделиле само со најблиските членови на семејството.

Невестата на телефон ги повикала сестрата на Милош Ана Ивановиќ и и’ ги кажала резултатите од лекарската контрола кај гинекологот.
„Веднаш штом  дознаа дека ќе станат родители, Драгана и Милош ја повикаа Ана, кој во тоа време беше во Чикаго, и и соопштија дека ќе стане тетка. Веднаш потоа, Драгана ја информираше нејзината сестра Сања, која од среќа заплака.

Сепак, среќната вест најмногу го израдува Драган Џајиќ, кој прославувал неколку дена. Откако забремени, Драгана целосно се посветила на здравиот начин на живот, па секојдневно се советува со Ана и Сања, кои и самите  неодамна станаа мајки“ – вели еден извор близок до демејствата за српски Ало.
Иако сè уште не го знаат полот на детето, сите тврдат дека Џајиќи ќе го изберат името ако биде девојче, а Ивановиќ ако бебето е машко.

Фото: Владимир Марковиќ/ Ненад Вујановиќ/Инстаграм принтскрин