Радио Милева

Драган Вучиќ објави заедничка фотографија со турската актерка Фахрие Евџан – попозната како „Неџла“ или сопругата на „Бали Бег“ (фото)

Драган Вучиќ објави заедничка фотографија со турската актерка Фахрие Евџан – попозната како „Неџла“ или сопругата на „Бали Бег“ (фото)
фото:инстаграм/драганвучиќ

Познатиот ТВ водител, музичар и композитор, Драган Вучиќ, веќе извесен период во еден од градските скопски автобуси ја води неговата емсија „Возење во Вучиќ“.

Досега на гости му беа многумина познати личности од јавниот живот во земјава, а како што е редот за да ги зачува спомените, но и виртуелно да се присетува на нив, Вучиќ отвори свој Инсатграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dragce (@draganvucich_official) on

Неговиот профил на Инстаграм функционира некаде од крајот на 2018 година, а освен што е полн со фотографии од познатите гости во автобусот, тој сподели и неколку ретро фотографии од времето кога во 2012 година ја снимаше емисијата „На турско кафе кај…“ и правеше интервјуа во Турција со популарните актери кои македонската публика ги гледа на телевизија.

фото:фејсбук/ драган вучиќ и халит ергенч

Па така, тој се присети на тоа време и сподели една ретро фотографија со актерката Фахрие Евџан или попозната како Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“, а сега и сопруга на славниот Бурак Озчивит со кого чекаат бебе.

Најубавата турска актерка Неџла, напиша Драган во описот на фотографијата.

Инаку, во тој период се шпекулираше дека Драган Вучиќ ќе се појави во серијата „Долина на волците“, но тоа не се случи.

фото:инстаграм/драган вучиќ

Останати вести од Радио Милева