Радио Милева
шест совети за совршен избор

Др. Симона Поповска се сети како да ги „инјектира“ животните принципи во професијата: Исто како кога бираш партнер – доволно едуцирај се пред да избереш! (ФОТО)

Др. Симона Поповска се сети како да ги „инјектира“ животните принципи во професијата: Исто како кога бираш партнер – доволно едуцирај се пред да избереш! (ФОТО)

Денес е време кога за убавина пари не се жалат, зашто очигледно во „новото нормално“ убавината  се’ повеќе се цени, се почитува и вреднува, многу повеќе од умот. Барем кај нас, а и во опкружувањето не е нешто многу поразлично, па дури и во светот. За неа се живее, ама од неа може и добро да се живее. Тоа се’ повеќе го докажуваат и оние кои убавината ја „продаваат“, но и оние кои ја создаваат или коригираат.

Затоа убавата охриѓанка со скопска адреса на живеење, пејачката и лекар Др. Симона Поповска се’ повеќе и се посвети на нејзината професија – медицината, или поточно нејзината специјалност- дерматологијата каде, како што и самата се декларира, важи за овластен естетски инјектор.

И како што естетската хирургија станува се’ попопуларна, а нејзината примена се’ поширока, така и конкуренцијата станува се’ поголема. Затоа Симона се сети како да ги привлече своите пациенти, пардон – клиенти, за  да не згрешат во изборот, па изборот да им биде таа и нејзините естетско-медицински услуги. Пејачкта – лекар веројатно од музиката научила дека  рекламата и добриот ПР отсекогаш биле половина успех, па затоа реши истата формула да ја примени и во својата, сега примарна професија, естетската медицина.

Социјалните мрежи и онака се ем гратис, ем во мода, па  просторот за маркетинг на нив дава неограничени можности…Само треба да откриеш како? Која е вистинската формула?

Затоа, Др. Симона им понуди „слатка рекламна бомбона“ на идните клиенти, во која ги вгради токму најважните животни компоненти, по принципот: Кога бираш естетски доктор е исто како кога и бираш маж –  доволно едуцирај се пред да избереш!

Па рекламата ја поставила на истите оние женски принципи, преточувајќи ги во шест (6) совети за совршен избор:

1)  Не ви е гајле за вашата безбедност?   

( И со мажот со кој треба да бидете е исто, зарем не?)

2) Не ве интересира дали вашиот доктор има искуство или не?

(Што секако важи и за партнерот кој ќе го изберете)

3) Повеќе сакате да „платите помалку“ отколку да имате некој што истражува и постојано учи во својата специјалност?

(Само што во животот „плаќањето“ доаѓа отпосле, и не е само во пари, туку може да ве чини многу, мноооогу… поскапо)

4) Се јавувате на сите можни места за да ја пронајдете „најдобрата зделка“ за естетски третман, но всушност не прашувате ништо за лицето што ќе ве работи?

(Се сеќавате на „скитањата“ од младоста, од кафуле до кафуле, од кафеана до кафеана, од клуб до клуб… Од партнер до партнер, нели?) 

5) Мислите дека сите филери во основа се „исти“ и не вие гајле каков материјал внесувате во себе?

(Уффф… во животот многу е важно каков материјал внесувате во себе… Зашто е „генетски“!)

6) Вие не сакате доктор кој ќе бара решение за вашите грижи, ќе направи секогаш да се чувствувате приоритетни и најважно ќе ве СЛУША!?

(Митот за совршен партнер дома, а всушност сосема поинаква личност надвор, на работа… воопшто… „друга личност“. Во суштина, она кога покрај себе имате „непознат човек“, а мислите дека имате совршенство).

И ајде кажете после дека не треба да бидете доволно едуцирани пред да изберете?  Партнер или лекар – сеедно?! За да не ти се случи подоцна да испаднеш „тежок пациент“… Без да си знаел!

Како и да е, ова се медицинските препораки на Др. Симона Поповска… Веројатно се придржувала кон истите шест (6) совети за совршен избор и кога бил изборот на нејзиниот животен партнер во прашање!?

Фото: Инстаграм принтскрин/simonapopovskaofficial

 

 

Останати вести од Радио Милева