Радио Милева
Сите на иста мака

„Доста е“: За Ирена Спасовска веќе е неподносливо и неиздржливо (фото)

„Доста е“: За Ирена Спасовска веќе е неподносливо и неиздржливо (фото)
фото:ирена спасовска/фејсбук

Коронавирусот стана новото секојдневие на целиот свет, полно со страв, неизвесност, болка, тага, загуба…

На такво нешто никој не би можел да се привикне, иако велат дека човек на сè се навикнува. Сите чекаме да осамне ден кога повторно ќе живееме и дишеме со полни гради без маски на лицата, ослободени од грижа, а тогаш уште повеќе ќе ги цениме сите нешта кои животот ни ги дал.

Фолк пејачката Ирена Спасовка како и сите не може да изгржи да не работи, да седи дома, и да се задоволува со слатки. Чисто да и даде спокој на душата.

фото:ирена спасовска/фејсбук

Нејзе најмногу и фали авантура, патување со авион, па дури и „пафтањето“ на стујардесите со рацете.

фото:ирена спасовска/фејсбук

-Ако некогаш некој не прими да му долетаме, ветувам дека со внимание ќе го следам делот на стујардесите кога „пафтаат“ со рацете и ќе го ценам секој момент поминат во авион. И две кафиња ќе купам и парфем и што пие авион… Само да полетаме веќе некаде, ова веќе не се издржува, пишува Ирена објавуваќи фотографија од 2018 година пред да полета на зацртаната дестинација.

фото:ирена спасовска/фејсбук

Оваа желба гори кај многумина, но едно е сигурно, кога овој ненаситен вирус ќе заврши, сите ние многу повеќе ќе ги цениме и сакаме и најмалите ситници од секојдневието.

Останати вести од Радио Милева