Радио Милева

Досега не се појавуваше во јавност: Сандра Булок ја покажа посвоената ќерка (видео)

Досега не се појавуваше во јавност: Сандра Булок ја покажа посвоената ќерка (видео)
фото: Профимедиа

Актерката Џада Пинер Смит пред две години заедно со својата ќерка и мајка го започна шоуто Red Table Talk во кое три генерации разговараат за различни теми.

Во последната емисија преку видео линк гостуваше актерката Сандра Булок која успеа да ја изненади Џада, но и публиката кога ја покани својата ќерка да и се придружи.

„Овде има некој што сака нешто да каже“ изјави Сандра и во тој момент се појави осумгодишната Лалила. Тие се заблагодарија на медицинската сестра Ејрпил за напорната работа за време на пандемијата.

Досега никој не ја виде Лалила во јавност. Сандра ја посвои во 2015 година, а пред неа во 2010 година го посвои синот Луис.

Останати вести од Радио Милева