Радио Милева

Доминантни на сцена: Македонците со посебни перформанси „растурија“ во „Ѕвездите на Гранд“

Доминантни на сцена: Македонците со посебни перформанси „растурија“ во „Ѕвездите на Гранд“
фото: Принтскрин/инстаграм/огненздравкоски

Сношти се одржа четвртат финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде настапуваа и македонските кандидати.

Тие со посебни перформанси растурија на сцената на „Гранд“  и поминаа во полуфиналето кое ќе се одржи следната сабота.

Прв од Македонците настапуваше Мартинијан Кириловски кој е под менторство на Јелена Карлеуша и Ивана Петерс.

Toj се претстави со песните „Остани“ од Горан Каран и „Време да се растаје“ од Дарко Радовановиќ.

фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Дарко Коцевски Даринос исто така се покажа одлично, а додека пееше жирито викаше: „браво Македонци, браво“.

„Даринос гласав за тебе бидејќи и во двете песни беше врв“ изјави Ана Бекута.

фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Кога станува збор за Филип Пецовски, тој на сцената на Гранд секогаш прави шоу.

Претходниот пат имавме прилика да го видиме со кацига на главата, а синоќа се појави со танчерки кои играа околу него додека тој пееше.

Тој направи вистинско шоу и ја крена публиката на нозе, а и успеа да се пласира во полуфиналето.

фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Посебен впечаток остави настапот на Огнен Здравкоски кој на сцената се појави со Тијана Дапчевиќ.

Дапчевиќ на виолончело ја свиреше „Ноктурно“ песната со која се претстави Огнен.

фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Шерифовиќ која е ментор на Огнен беше воодушевена од настапот, а и жирито имаше само пофални зборови.

Дарко, Огнен, Мартинијан и Филип поминаа во полуфиналето кое ќе се одржи следната сабота.

Останати вести од Радио Милева