Радио Милева

Додека сите бегаат на плажа, таа побегна на друго место: Адријана Алачки замина од Македонија – ова е причината

Додека сите бегаат на плажа, таа побегна на друго место: Адријана Алачки замина од Македонија – ова е причината
фото: фејсбук

Надвор владаат високи температури и горештини, а времето е само за на плажа.

Иако, многумина јавни личности ја подготвија летната облека за да заминат некаде и да ги полнат батериите, Адријана Алачки исто така ги спакува куферите и замина од Македонија, но не на плажа.

Водителката на „Вкусот на традицијата“ замина на Сибир.

Како што пренесува 7дена.мк таа заминала на Сибир на „Баикал грил фест“.

фото: фејсбук

На овој фестивал, Алачки ќе патува како  како Претседателка на Гастромак, Национална Асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Македонија и како автор и водител на готвачкото шоу „Вкусот на традицијата“, што ќе се снимаат во Сибир.

фото: фејсбук

-Ова е апсолутно ново искуство- ни рече Адријана,- сите мои досегашни патувања, на сите страни на светот беа стандардни и очекувани. И многу често во шега зборував дека само на Сибир не отидов, и многу сум љубопитна што и како ќе видам таму“ вели Алачки за “7дена“.

Ова не е првпат како патува надвор од границите на нашата територија, а веруваме дека отаму ќе се собере многу нови искуства, соработки, но и нови пријатели.

Останати вести од Радио Милева