Радио Милева
изненадување за воодушевување...

Додека изолирана води битка со коронавирусот, Биба Додева доби неочекуван подарок што ја направи пресреќна: „Кога пријателката ќе се израдува заедно со тебе дека се’ уште дишеш…“ (ФОТО)

Додека изолирана води битка со коронавирусот, Биба Додева доби неочекуван подарок што ја направи пресреќна: „Кога пријателката ќе се израдува заедно со тебе дека се’ уште дишеш…“ (ФОТО)

Короната коси се пред себе… Пуштена на најјако, надвор од контрола, не бира почие здравје ќе посегне, а зажал понекогаш и нечиј живот. Без оглед на пол, вера, нација, возраст… без оглед на тоа дали си обичен граѓанин или позната личност… Пред Бога сите сме исти, здравјето на сите подеднакво ни е важно… васушност – најважно.

Затоа и стравот од болеста и моментите на траума и неизвесност додека се борите со неа и радоста дека сте ја надминале се исти за сите… Како и тагата, која за жал, понекогаш е неизбежна, кога некој ќе ја изгуби битката!

Затоа покрај превентивата и почитувањето на протоколите да не се заразиме, доколку тоа сепак и се случи, покрај правилниот здравствен третман, многу важно е вниманието на најблиските, на околината, пријателите… Љубовта што оној кој се бори да ја надмине маката неизмерно ја добива како поддршка, кураж, надеж, верба дека што и да е – ќе помине…

Македонската поп пејачка и хумана активистка, Биба Додева, за жал е една од илјадниците која се сочува со злокобниот Ковид 19. Таа неодамна на својот Инстаграм профил објави дека е позитивна на коронавирусот.

„Време на КОВИД 19. Дај Боже да помине поскоро“ – напиша тогаш Биба покрај фотографијата,  покажувајќи дел од тажната страна на нејзината битка со коронавирусот.

Оттогаш минаа 15-ина дена, а храбрата „Борка“ се’ уште не може да излезе сосема на крај со „невидливиот непријател“, иако добро закрепнува. Сепак, едно нешто, еден мал знак на внимание,  парче подарена љубов во вид на убав гест и го подигна оптимизмот на највисоко, и ја врати самодовербата, и ја развесели душата и го растрепери срцето, ја потсети дека не само најблиските од домашното опкружување, туку и блиските пријател(к)и не ја заборавиле… Особено не, кога најмногу и требаат, кога и е најмачно, најтешко…!

Имено, додека изолирана води битка со коронавирусот, Биба Додева доби неочекуван подарок што ја направи пресреќна. Познатата македонска модна креаторка и нејзина пријателка, Елена (Пандева) Лука и испрати модно парче од својата нова колекција на пејачката, која не можеше да го скрие воодушевувањето од изненадувањето.

Веднаш го облече на себе прекраснот модел, па направо неколку фотографии кои ги сподели на својот Инстаграм, а покрај нив ја напиша својата благодарноца кон нејзината пријателка и позната модна дизајнерка:

 

„Кога пријателката ќе се израдува заедно со тебе дека се’ уште дишеш…  Не постојат доволно зборови и песни што можам да ти ги кажам или отпеам, за да ти покажам колку ми значиш… Ти благодарам од срце, претеча наша, Елена. Само ти знаеш и умееш вака. Те сакам“ – напиша Биба фотографирајќи го преубаво спакуваниот подарок што го доби заедно со посветата.

Гестот на дизајнерката и го стопли срцето, ја направи посреќна и посилна што ќе придонесе што побргу да се избори со короната…

Нешто, што на Биба и го посакуваме сите. Побрзо закрепнување и добро здравје… И неа и на сите нас!

 

 

Останати вести од Радио Милева