Радио Милева

Добро познатата екипа повторно заедно: Талат, Марио, Јелена…..дојдоа на гости кај газда Ула од „Преспав“

Добро познатата екипа повторно заедно: Талат, Марио, Јелена…..дојдоа на гости кај газда Ула од „Преспав“
фото: Принтскрин/инстаграм

Откако заврши третата сезона на популарната македонска хумористична серија „Преспав“,  гледачите останаа со прашалници дали ќе има продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“. И одговорот на радост на бројниот ТВ аудиториум е – ќе има!

Имено, Тијана Дапчевиќ која ја имаше улогата на Германката Ула на својот „Инстаграм“ неодамна најави дека во средината на октомври започнуваат снимањата на новата сезона на „Преспав“, а нејзиното емитување ќе започне во декември.

Во претходната сезона имавме прилика да го гледаме секојдневието во „Преспав“, па ликовите со своите карактеристики и разни карактери знаеја да ја насмејат публиката до солзи.

фото: Принтскрин/инстаграм

Рецепционерот Талат со својот смешен изглед и хумор, брзо ја освои македонската публика и стана еден од омилените лекови, а на социјалните мрежи се најдоа многу негови смешни цитати.

Германката Ула која ја игра Тијана Дапчевиќ беше сопруга на Коста и се обидуваше да го убеди да си заминат од пансионот.

фото: Принтскрин/инстаграм

Тука беа и чичко Миле, инспектор Томе, Јелена од Драчево, Коста…

Сите со своите особини ги создаваа и ги решаваа проблемите, а заедно направија серијата да биде најгледана и со нетрпение да се очекува новата сезона.

Како што и најави Дапчевиќ, новата сезона започна да се снима деновиве, а веќе на социјалните мрежи се појавија и првите фотографии.

Имено, на „Инстаграм“ е отворен профил на ликот Ула каде се објавени првите фотографии од снимањето, а газда Ула се пофали кој ја посетил.

„Дојдоа Марио и Јелена на гости малце“ напиша Ула во една објава на „Инстаграм“.

фото: Принтскрин/инстаграм

На фотографија со Дритон, односно со Талат, Ула напиша: „И Талат дошол да посети газда Ула“, стои на профилот на Ула.

фото: Принтскрин/инстаграм

Тијана на својот „Инстаграм“ исто така објави фотографија во ресторан со своите колеги од „Преспав“ и напиша:

„Со моите колеги од Преспав“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Тие исто така во ресторанот го прославија и роденденот на Јелена Јованова.

фото: Принтскрин/инстаграм

 

Што не очекува во четвртата сезона на „Преспав“ и какви промени ќе има останува да видиме.