Радио Милева

До неодамна го криеја лицето на бебето, а сега Анастасија Петреска и Владимир за првпат ја покажаа ќерката (фото)

До неодамна го криеја лицето на бебето, а сега Анастасија Петреска и Владимир за првпат ја покажаа ќерката (фото)
фото:инсатграм

Македонската естрадна брачна двојка, Анастасија Петреска и Владимир Поповски во месец март добија нова животна улога- станаа родители.

Бебенцето доби модерно име кое и го дадоа мама и тато, а одлуката била малата принцеза да се вика Андреа.

Додека беше бремена, фолк пејачката и ќерка на пејачот Наум Петрески, не ги откри пред јавноста своите труднички денови, а откако се роди Андреа, ја покажуваше, но го криеше нејзиното лице.

Сега, по повод нејзината молитва и крштевка, а и црковниот брак на мама и тато кој се случија во ист ден, тие добија желба тоа да го објават на социјалните мрежи и пред сите да ја откријат својата неизмерна среќа.

За потсетување, Анастасија и Владимир се свршија на почетокот од 2018 годината, односно во месец јануари додека беа на зимување во Бугарија, потоа склучија граѓански брак, а во една прилика изјавија дека ќе прават мала свадбена прослава.

фото:инсатграм/фејсбук