Радио Милева

Дива „спасителка“: Памела Андерсон откри дека се уште го носи црвениот костим само за секс игри!

Дива „спасителка“: Памела Андерсон откри дека се уште го носи црвениот костим само за секс игри!
фото:принтскрин/јутјуб

Памела Андерсон (52), барем кога станува збор за мажите, е најпозната по улогата во серијалот „Чувари на плажа“, кога ги препотуваше гледачите со ненормално добариот изглед во костимот за капење кој е популарен скоро 30 години подоцна.

Познатиот црвен костим за капење не му досади на никого, дури ни на неа, а и денес сè уште е дел од нејзиниот живот.

Памела, која го заврши снимањето на серијата пред 20 години, вели дека нејзиниот костим за капење сепак служи за заведување на мажите во реалниот живот.

„Во тој костим за капење, се туширам, а потоа влажна скокам врз него (маж) низ целата куќа“, рече Памела.

За потсетување, покрај Памела, во серијалот глумеа и Дејвид Хаселхоф (67) и Кармен Електра (47).

Инаку, кога продуцентите на серијата размислуваа за тоа какви костими ќе носат спасителите на плажа, не беше нивна намера да направат секси облека за пливање.

Меѓутоа, кога Памела започна да трча наоколу на плажата, таа стана секс симбол, а титулата и денес ја има.

На Памела се уште и бараат автограм да го потпише на црвен костим за капење.

фото:принтскрин/јутјуб