Радио Милева
„Секоја од нас има моќ!“

Дива и провокативна како никогаш досега: Лила Филиповска во поза за хипноза – проѕирен фустан и танга во фокус (видео)

Дива и провокативна како никогаш досега: Лила Филиповска во поза за хипноза – проѕирен фустан и танга во фокус (видео)
фото:лила филиповска/принтскрин инстаграм/за еленалука

Во месецот на жената- месец март, ТВ водителката Лила Филиповска заедно со модната куќа „Елена Лука“ чие заштитно лице е со години, решија да изработат еден специјален моден едиторијал.

Досега заеднички изработиле многу такви, но овој е посветен на сите женски индивидуи без оглед на тоа колку се разликуваат.

фото:лила филиоповска/инстаграм принтскрин/елена лука

Преку идејата сакаа да и дадат значење на секоја жена, без стереотипи, предрасуди, лоши погледи, потценување… Во описот на видеото кое се најде на Инстаграм профилот на Лила, таа напиша:

Насловната за март е резервирана за едиторијалот „Feel Like A Woman by Elena Luka“.

Ти со кратка коса и ти со бујна долга коса, ти што сакаш да спортуваш и ти што сакаш да бидеш секогаш елегантна, ти што не се шминкаш воопшто и ти што без кармин не излегуваш од дома. Ти што обожаваш да готвиш и ти што никогаш ништо не си зготвила. Ти што си мајка и ти што не сакаш тоа да бидеш. Ти што имаш свој бизнис и ти што бараш работа… Сите сме различни, посебни, свои, но се соочуваме со исти нешта. Стереотипи, предрасуди, лоши погледи, потценување – за нашите емоции, за нашите избори, нашата способност, подготвеност…
Така што, ако мислевте дека борбата е готова, не е. Но, за да успееме, првин мораме самите да веруваме дека вредиме. Да се сакаме и прегрнеме самите. А потоа и една со друга. Дајте да си бидеме една на друга повеќе поддршка отколку критика.

За нас се работи. Да си го чуваме грбот една на друга. Да завладее почитта – кон самите себе и кон другите жени. Жени сме и секоја од нас има моќ, дајте да ја обединиме.
И во овој дух, модната куќа Елена Лука подготви едиторијал посветен токму на жената и нејзиното право да биде и изгледа како сака. Да не заборавиме да го негуваме тоа што го носиме во себе. Се радувам што токму јас како заштитно лице на модната куќа ја раскажувам оваа приказна за жените кои можат да бидат и дами и темперамтнени и диви и домаќинки и спортиски и да се негуваат и да бидат среќни и да бидат секси, да бидат сакани. Да бидат што ќе посакаат.
Да бидат жени – кралици. Да бидат жени – лавици!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

 

Во прилог на напишаното беше објавено и видеото од реализацијата на овој едиторијал, чија фаза на изработка покажува дека Лила ќе ја видиме во најразлични изданија.

фото:лила филиоповска/инстаграм принтскрин/елена лука

На едно од многуте каде изгледа прекрасно, таа е во секси поза легната на подот, облечена во тесен проѕирен фусатан од кој ја нагласува својата дива и провокативна страна.

Веруваме дека финалниот производ ќе биде маестрален!

Останати вести од Радио Милева