Радио Милева
се отвори...

Дино Мерлин за прв пат проговори за своето здравје: „Заради тешката болест бев како билка!“ (ФОТО)

Дино Мерлин за прв пат проговори за своето здравје: „Заради тешката болест бев како билка!“ (ФОТО)

Дино Мерлин вчеравечер, 02.03.2021 година гостуваше во емисијата „Во свој филм“, каде зборуваше за својата долга и успешна кариера, но откри и многу непознати детали од неговиот живот. Босанско-херцеговскиот кантавтор се присети на денот кога работел во фабриката за лежаи во Вогошќа и пишувал песни на мрсна хартија.

 

„Ме исмеваа затоа што пишував песни“, рече музичарот и додаде дека секогаш им велел дека еден ден ќе го гледаат на телевизија, што и се остварило. Парите што ги заработил ги вложил во студиото и го снимил првот албум приватно, додека, останатото е историјата.

Дино е роден во Сараево, па се присети и на деновите на војната, кога гледал како умираат неговите колеги, пријатели, менаџерот….

„Беше лотарија кога ќе излезеш надвор, дали воопшто ќе се вратиш“, рече Мерлин. Тој исто така зборуваше за филмската приказна со неговата сопруга Амел Дервишхалиловиќ, чии родители биле против нивниот брак. Тој вели дека буквално ја „украл“ од неговите родители, а денес се заедно повеќе од четири децении. Дино исто така призна дека кон крајот на 90-тите размислувал да се повлече од сцената.

„Ова ќе го кажам за прв пат, во еден момент од животот бев сериозно болен. Имав тешка депресија, нешто што не би му го посакал никому. Се манифестираше на таков начин што не ме интересираше ништо… Ама буквално баш ништо… Ниту животот ниту смртта. Тоа беше период кога бев како растение, како билка. Тогаш  размислував да ја напуштам музиката. Како и да е, решив да продолжам и во 2000 година го снимив албумот „Средином“, на кој сум многу горд “ – рече Мерлин, кој  истакна оти се надева дека ќе бидат можни големи концерти во 2022 година.

 

Останати вести од Радио Милева