Радио Милева

Димитар Атанасовски по потрага за совршен подарок за „Денот на вљубените“, а изборот падна на ова (фото)

Димитар Атанасовски по потрага за совршен подарок за „Денот на вљубените“, а изборот падна на ова (фото)

На 14 февруари некои го прославуваат „Денот на вљубените“, а некои го прославуваат Св „Трифун“.

Оние кои го слават „Денот на вљубените“  за својот партнер или партнерка купуваат одреден подарок како знак на внимание и почит кон својот избраник/ избраничка.

Неколку дена пред тоа сите брзаат, размислуваат, се трудат да најдат оригинален подарок кој ќе ги израдува најмилите.

Меѓу нив се најде и македонскиот водител Димитар Атансовски кој побрза да купи подарок на својата сопруга, пејачката Сара Мејс.

Неговиот избор падна на долна облека од познат бренд.

Тој на „Инстаграм стори“ објави фотографија, а во описот напиша:„Обидувајќи се да го најдам совршениот подарок за „Денот на вљубените“.

foto: Printscreen/instagram/dimitaratanasovski

Веруваме дека Димитар направил одличен избор и дека неговата сакана ќе се израдува на овој знак на внимание.

За потсетување, пред четири месеци Сара и Димитар станаа родители на нивното прво дете, ќерката Илина.