Радио Милева

Димитар Атанасовски е пoдготвен да ја пречека Новата година во специјално издание (фото)

Димитар Атанасовски е пoдготвен да ја пречека Новата година во специјално издание (фото)

Само уште неколку часа остануваат до крајот на старата и почетокот на Новата година.

За најлудата ноќ секој се подготвува најразлично. Некои заминуваат на патување, некои остануваат во домашна атмосфера, некои на забава.

Свечени фустани, фризури, шминка, елегантни костими се дел слатките „маки“ кога е во прашање стајлингот за најлудата ноќ.

Иако некои преферираат да изгледат модерно, уредно и со стил, ги има и оние кои сакаат опуштено издание и „кежуал“ стајлинг.

Водителот и сопругот на Сара Мејс, Димитар Атанасовски е подготвен да ја пречека 2019-та.

Тој преку својот профил на „Инстаграм“ се пофали во какво издание ќе го дочека почетокот на новата година. Имено, тој сподели фотографија на која носи папучи од крзно, а во описот на истата објава напиша:

„Чекајќи ја 2019 година со стил“, напиша Димитар.

Сара и Димитар сигурно ќе ја паметат 2018 година по тоа што за првпат станаа родители на нивното прво дете, односно ќерката Илина.

Останати вести од Радио Милева