Радио Милева

Девојките „лудуваат“ по него: Внукот на покојниот Шабан Шаулиќ е познат фудбалер (ФОТО)

Девојките „лудуваат“ по него: Внукот на покојниот Шабан Шаулиќ е познат фудбалер (ФОТО)

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, почина во февруари минатата година, како резултат на сериозните повереди во тешката сообраќајна незгода што ја доживеа во Германија и зад себе остави  голема тага. Неговата сопруга Гордана, децата и внуците, како и целата јавност и сите обожаватели на неговата песна не можат да ја прежалат неговата загуба.

Иако не се истакнува често во јавноста, внукот на Шабан е всушност познат српски фудбалер од помладата генерација. Но, Лука Аџиќ, привлекува големо внимание не само заради тоа што е внук на фолк легендата и син на ќерката на Шабан, Санела и нејзиниот поранешен сопруг Иван Аџиќ.

Младиот фудбалер  не остава ниту една девојка рамнодушен со својот изглед, па припадничките на понежниот пол буквално „лудуваат“ по него, иако  неговото срце, барем засега и припаѓа на една Александра.

Двајцата се во врска веќе неколку месеци, љубов што ја криеја од јавноста се’ до неодамна, а се чини дека двајцата уживаат во нивната романса.

 

View this post on Instagram

 

👫❤️

A post shared by Luka Adzic (@adzinho17) on

Инаку Лука играше за „Црвена Звезда“ две години, потоа се пресели во белгискиот првак „Андерлехт“, а сега е на позајмица во холандскиот прволигаш „Емен“.

 

Останати вести од Радио Милева