Радио Милева
Честитки за младите!

Денот на виното и љубовта го крунисаа со брак: Се омажи сестрата на Огнен Здравковски (фото)

Денот на виното и љубовта го крунисаа со брак: Се омажи сестрата на Огнен Здравковски (фото)
фото:огнен здравковски/фејсбук

Сестрата на младиот пејач Огнен Здравковски и виолинистка, Оле Здравковска, заплови во брачните води.

Оле на Денот на виното и вљубените, 14-ти февруари официјално стана мажена жена, односно госпоѓа Шундиќ.

фото:огнен здравковски/фејсбук

Убавата вест на социјалните мреѓи ја сподели нејзиниот брат Огнен кој гордо се пофали со новината во нивното семејство.

фото:огнен здравковски/фејсбук

Во прилог следеа и неколку фотографии, такви во ресторан, но и во матично каде младите ги ставија потписите и станаа сопружници.

фото:огнен здравковски/фејсбук

Годишнината од бракот ќе им биде особено посебна, бидејќи судбоносното „да“ го кажаа токму на овој симболичен празник во кој се’ е во знакот на љубовта.

фото:огнен здравковски/фејсбук

Инаку, Оле исто така е музички талентирана, а за разлика од својот брат Огнен и мајка си Софче, таа свири виолина.

Честитки за младите!

Останати вести од Радио Милева