Радио Милева

Денес важат за добри пријателки: Ана Бекута откри како се запознала со Лепа Брена

Денес важат за добри пријателки: Ана Бекута откри како се запознала со Лепа Брена
фото: Никола Томиќ

Пријателството меѓу Лепа Брена и Ана Бекута трае со години, а двете пејачки се запознале на интересен начин.

Во интервју за „Бекстејџ“, Бекута откри како се запознале и што и кажала Брена во таа прилика.

„Се сеќавам дека беше „Саем на книга“ во 1986 година и ние пеевме. Во таа прилика таа ми се приближи и ми кажа: те слушав, убаво пееш, имаш прекрасна песна, само повеќе се смеј“ вели Ана.

фото: принтскрин/фејсбук/ало.рс

Ана и нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ се куќни пријатели со Брена и Боба, па често знаат да организираат забави.

Неодамна, Брена беше на одмор на Бора Бора, а во едно интервју Бекута истакна дека и таа сака да оди таму.