Радио Милева

Денес полни шест години: Објавени фотографиите по повод шестиот роденден на принцот Џорџ

Денес полни шест години: Објавени фотографиите по повод шестиот роденден на принцот Џорџ

Кенсингтонската палата објави три најнови фотографии од принцот Џорџ кој денес полни шест години.

Фотографиите кои се направени во дворот на палатата ги направила неговата мајка, војвотката Кејт, а потоа се објавени на официјалниот профил на „Твитер“.

На две фотографии принцот Џорџ е облечен во дрес на Англија, а на третата е облечен во зелена маица и кратки панаталони.

„Среќен роденден, одличен избор“ му посакаа на Џорџ.

Наводно, прославата на роденденот ќе биде во најтесниот круг на семејството.

Останати вести од Радио Милева