Радио Милева

Дејвид Бекам нашминкан на насловна страница на еден магазин

Дејвид Бекам нашминкан на насловна страница на еден магазин

На наслоната страница на еден странски магазин се појави некогашниот фудбалер Дејвид Бекам кој на своето лице има шминка.

Дејвид и Викторија Бекам на своите профили на социјалните мрежи ја споделија насловната страница од магазинот.

Бекам и овој пат доби многу позитивни коментари, а пофалби доби и за зелената сенка околу очите.

„Одлично му стои оваа сенка за очи. Вистинскиот маж става сенка за очи и изгледа секси“,  се само некои од коментарите.

foto: instagram

Некогашниот фудбалер во интервју за овој магазин проговори за своето детство и во таа прилика откри дека како дете имал проблем со самодовербата.

„Секогаш бев дете кое стои кое не зборуваше. Единствено кога бев на терен, тогаш имам самодоверба.Тоа беше она што секогаш го сакав“ вели Бекам.

Останати вести од Радио Милева