Радио Милева
не му иде умот...

Дарко Лазиќ си игра со животот: Уште не застанал на нозе, а веќе направи нешто од што за малку ќе останеше „без глава“ (ФОТО)

Дарко Лазиќ си игра со животот: Уште не застанал на нозе, а веќе направи нешто од што за малку ќе останеше „без глава“ (ФОТО)

Фолк пејачот Дарко Лазиќ, кој имаше сериозна сообраќајна несреќа на 23 октомври минатата година, успешно се опоравува.

Иако се’ уште не е сосема опоравен и подготвен за целовечерни концерти, тоја сепак одлучи да почне да настапува со цел да ги врати долговите, што некако и можеби може да се разбере.

Но, она што Дарко го направи заради лична забава, никако не може да се разбере, ауште помалку оправда. Имено, иако уште не застанал на нозе,  тој им се пофали своите следбеници на социјалните мрежи дека седнал зад воланот повторно да вози.

И тоа не било што и за заради некаква неодложна потреба, туку од чиста адреналинска забава. Како што се гледа од постираната фотографија на неговите Инстаграм приказни,  тој седнал да вози таканаречен квад со оправдание дека го користи убавото време малку да се повози!