Радио Милева

Дарко Лазиќ: „Се вежбам на Марина, ќе почнам да и наплатувам“

Дарко Лазиќ: „Се вежбам на Марина, ќе почнам да и наплатувам“
фото:дарко лазиќ/инсатграм

Се чини дека на пејачот Дарко Лазиќ најпосле ќе му послужи на образованието.

Поточно, пејачот има диплома од средно фризерско училиште, но никогаш не го практикувал овој занает, се досега.

– Бидејќи не пеам во моментов, и не сум сигурен каква ќе биде ситуацијата кога ќе помине епидемијата, најдов решение како да добијам некој денар. Се вратив на стариот занает – фризер!
Порано верував дека ќе живеам од ова и дека ќе имам свој сопствен салон за коса, но животот ме однесе на другата страна и станав пејач. Сепак, во моментот нема пеење и којзнае кога ќе почнам да настапувам, па си реков: „Дарко, ножици и чешел во рацете и барај клиенти низ селото“ – рече Дарко за „Информер“.

фото:марина гагиќ/инсатграм

– Ми треба малку време да се навлезам во штос, затоа за првпат започнувам бесплатно и наскоро ќе започнам со наплаќање. На Марина ќе научам да фенирам, па ќе го проширам бизнисот и за жените. Имам ас во ракавот што ќе ме одвои од конкуренцијата – ќе им пеам на клиентите додека ги средувам “, додаде Лазиќ.