Радио Милева

Дарко Лазиќ повторно се жени: „Едвај чекам Марина да ми роди син“

Дарко Лазиќ повторно се жени: „Едвај чекам Марина да ми роди син“

Иако оваа година се разведе од Ана Севиќ, Дарко Лазиќ е подготвен повторно да заплива во брачните води со новата девојка Марина Гагиќ со која е во врска само неколку месеци.

„Навистина сум среќен и не можам да кријам колку сум заљубен во Марина, ми се гледа во очите. Не се вели за џабе дека очите се огледало на душата. Јас и Марина се пронајдовме. Покрај неа сум опуштен и многу смирен. Се повеќе размислувам за брак со Марина, само чекам да помине малку време. Убаво ни е, а кога ќе дојде бракот, добродојден ќе е“, вели Дарко и додава:

„Едвај чекам Марина да ми роди син. Многу сакам деца и сега се шегувам кога велам син, но едвај чекам повторно да станем татко, вели Лазиќ.

За потсетување, Дарко од првиот брак со Ана Севиќ ја има ќерката Лорена.