Радио Милева

Дарко Лазиќ откри кога ќе биде свадбата со Марина Гагиќ

Дарко Лазиќ откри кога ќе биде свадбата со Марина Гагиќ
фото: принтскрин/блиц/инстаграм

Пејачот Дарко Лазиќ претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која се уште оздравува.

Тој неодамна се сврши со неговата партнерка Марина Гагиќ, а во процедура е разводот со неговата  сопруга Ана Севиќ.

Како што пренесува „Сцена“, Дарко истакнал дека наскоро ќе биде слободен човек бидејќи успеа да се договори со Ана, а свадбата планира да биде следната година бидејќи Марина наскоро треба да се породи.

„Куќата ја изградив за Марина и за себе, ќе биде готова до крајот на летото. Јас од тука не мрдам. Тое е мојот скромен дом,мојот мир. Градот не ми е далеку. Родителите ќе ми помогнат околу детето, но и нејзините родители“ вели Лазиќ

фото: принтскрин/блиц/г.срданов

Поради процесот на развод, свадбата ќе биде следната година.

„Ќе биде следната година. Оваа година нека се породи, па убаво следната година полека ќе ја спремаме свадбата“ вели пејачот.

 

View this post on Instagram

 

❤❤❤❤❤

A post shared by Darko Lazić (@new_me911) on

Лазиќ истакна дека подготвува и нов албум.

„Не смеев да пеам, но пред некое време одев на конторла и ми кажаа дека по малку можем да почнем да пеем“ истакна Дарко и додава:

„Нова песна ќе излезе еден месец пред се вратам на сцена. Подготвувам и нов албум. Има убави песни и од разни актери. Идев по ред, кој најдобро ќе направи песна, јас ќе ја земам“ вели Лазиќ.

За потсетување, ова ќе биде втор брак за Дарко, а од првиот ја има ќерката Лорена.