Радио Милева

Дарко Лазиќ се исели од родното место, еве каде живее сега со Марина и синот

Дарко Лазиќ се исели од родното место, еве каде живее сега со Марина и синот
фото: Соња Спасиќ/Владими Шпорчич

Српскиот пејач Дарко Лазиќ неодамна се исели од родниот Брестач и се пресели да живее во Белград, пишуваат српските медиуми. Тој заедно со сопругата Марина и синот живеат во изнајмен стан во Нови Белград.

Лазиќ вели дека се преселил од село во град бидејќи мајсторите се уште не ја завршиле неговата нова куќа

фото: принтсркин/инстаграм

.„Марина и јас повеќе не живееме во Брестач. Го одложивме градењето на куќата бидејќи чекаме подобро време. Ќе продолжиме со работа на лето, а дотогаш ќе живееме во град“ вели пејачот и додава:

„Убаво ни е тука, се имаме во близина. Ми значи и тоа што аеродромот ми е блиску бидејќи секој викенд патувам на настапи“ вели пејачот.

фото: Принтскрин/папарацо лов

Дарко вели дека е многу радосен бидејќи ги познава соседите во новото маало.

„Ми одговара што со колегите може да се видим во било кое време. Во новата населба ги сретнав Луна Ѓогани и Теодора Џехверовиќ, овде многу пејачи веќе имаат станови“ обаснува Дарко.

фото: ата имагес

За потсетување, Дарко и Марина претходната година го добија синот Алексиј.