Радио Милева

Дарко Лазиќ не се појави на роденденот кај ќерката, па ја обвини Ана Севиќ: „Мојата бивша се добро намонтира“

Дарко Лазиќ не се појави на роденденот кај ќерката, па ја обвини Ана Севиќ: „Мојата бивша се добро намонтира“
фото: Никола томиќ

Дарко Лазиќ собра голем број на пријатели и роднини во родниот Брестач за да го прослави раѓањето на синот Алексиј.

Малиот Алексиј се роди на 24 јуни во Белград, а Лазиќ по тој повод направи нова тетоважа посветена на синот.

„Марина е одлично, одмара дома со Алексиј, јас сакав да дојде, но знаете како одат женските работи, шминка, фризура….Презадоволен сум како се снајде, навистина вистинска мајка“ вели Дарко.

фото: атаимагес

Лазиќ не присуствуваше на роденденот кај неговата ќерка Лорена која ја има од бракот со Ана Севиќ, а сега вели дека таа е виновна.

фото: николатомиќ

„Тоа мојата бивша жена се намонтира. Да ме плукаат новинарите….Требаше да правиме роденден на Лорена кон крајот на јули и реков да не биде за викенд бидејќи ќе работам. И кога се дозна дека работам, се закажа роденденот и не можеше да се помести. Не сакам да зборувам, сите знаеме дека тоа е нејзина работа. Јас на своето дете ќе и направам роденден кога навистина е односно 10 јули, па така да ќе оболежам се како што треба“ вели Дарко.

За потсетување, Дарко неодамна ја запроси својата свршеница Марина Гагиќ со која наскоро планира и свадба.

Останати вести од Радио Милева